Петар Горко - Фото: Facebook

Еден од нашите најталентирани актери Петар Горко, денеска го прославува својот 58 роденден

Денеска, својот 58-ми роденден го прославува еден од најталентираните македонски театарски, филмски и телевизиски актери, Петар Горко. Роден е во Битола во 1967 година, а уште од најраните чекори на сцената остави силен печат во македонската културна јавност.

Во 1991 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Веднаш потоа започнува со својата професионална кариера и доследно речиси 36 години е активен член на Народниот театар – Битола, каде што остварил бројни брилијантни улоги со кои стана миленик на битолската публика.

На филмското платно има остварено позначајни улоги како Јосип Брзо Тито во Црвениот поет, Поп Стаматов во Утре наутро, Никифор во Бистра вода, Митре Васков во Последниот Македонец, Андреј Димов Докурчев во Тврдокорни, Принцот во Светот на бајките и многу други …

Филмографија:

1989-1993 Еурека ТВ-серија

1995-1999 Во светот на бајките ТВ-серија

2004 Како убив светец ТВ-филм

2004 Големата вода ТВ-серија

2006 Караула ТВ-филм

2007 Јас сум од Титов Велес ТВ-филм

2008 Збогум Румелија ТВ-серија

2011 Ова не е американски филм ТВ-филм

2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија

2015 Последниот Македонец ТВ-филм

2016 Обожение ТВ-филм

2020-2021 Непријател ТВ-серија

2021 Преспав ТВ-серија

2023 Бистра вода ТВ-серија

2024 Црвениот поет ТВ-серија

2024 Утре Наутро ТВ-серија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот