
Едберг ги открива двете клучни предности на Мареј како тренер на Ѓоковиќ
Шкотланѓанецот нуди длабоко познавање на противниците, инспирација и мотивација, вели Едберг
Според поранешниот светски број еден во тенисот, Швеѓанецот Стефан Едберг, Енди Мареј (37) како тренер му носи на Новак Ѓоковиќ (37) две предности што можат да бидат клучни за успехот на Србинот во новата сезона.
Препорачано
– Мареј влезе во тренерските води веднаш откако ја прекина играчката кариера, така што го има детално познавање на тенисерите кои играат денес. Но, најмногу од корист за Новак мислам дека е тоа што Мареј може да му создаде одредена инспирација, некаква мотивација за понатаму. Малите нешта можат да направат разлика, без разлика дали се работи за тактички, психички подготовки за меч или правење работи во слободното време – вели Едберг.

Ѓоковиќ во ноември рече дека побарал од Мареј да работи со него бидејќи сè уште има големи планови, а Едберг верува дека Шкотланѓанецот нуди длабоко познавање на противниците, инспирација и мотивација. Едберг прогнозира на кој грен-слем Новак има најмногу шанси да дојде до титула во 2025 година.
– Мој личен став е дека неговата најдобра шанса е Австралија Опен или можеби Вимблдон, со целото искуство што го има на трева – вели Едберг.
Австралија опен 2025 почнува в недела, а Ѓоковиќ има 10 титули од овој турнир.
Ѓоковиќ: Секогаш кога доаѓам во Австралија ја чувствувам траумата од пред три години