ЕЦБ: По корона кризата следи зголемен ризик од финансиска нестабилност во еврозоната

Ризикот од финансиска нестабилност ќе се зголеми во еврозоната по крајот на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ).

– И покрај економското закрепнување, бројот на корпоративни банкроти се очекува да се искачи од многу ниско ниво во 2020 година, делумно поради нерешените побарувања за банкрот, се нагласува во најновата анализа на ЕЦБ за финансиската стабилност на еврозоната.

Во анализата се истакнува дека „владите се соочуваат со задача да најдат деликатна рамнотежа помеѓу предвременото прилагодување на мерките за поддршка, што може да предизвика бран на банкроти на компании и предолго спроведување на мерките за поддршка, со што ќе се одржуват неодржливи компании”, предупредуваат тие.

– Поголем товар на долгови за компаниите во земји со поголем услужен сектор може да го зголеми притисокот врз нивните влади и банки, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гвиндос.

ЕЦБ предвидува дека профитабилноста на финансиските институции во еврозоната ќе остане релативно слаба.

Централната монетарна институција на еврозоната, исто така, посочи дека треба да биде свесна за растечкиот предизвик што го поставуваат климатските промени за банките, како во кредитирањето, така и во осигурувањето кредити. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот