Дигитални валути/ Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

ЕЦБ започна со тестирањето на дигиталната евровалута

Управниот орган на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека започнале „фаза на истражување” на 24-месечен проект за дигитална евровалута, со кој се опфатени дизајнот и дистрибуцијата на таква валута.

„Поминаа девет месеци откако го објавивме нашиот извештај за дигиталното евро. За тоа време, извршивме анализа, побаравме придонес од граѓани и професионалци и спроведовме некои експерименти со охрабрувачки резултати“ изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа додаде дека целта на ЕЦБ „е да гарантира дека граѓаните и деловните субјекти во дигиталната ера ќе имаат пристап до најбезбедната форма на пари, парите од централната банка”, додаде Лагард.

Целта на тестирање е да се разгледаат потребите на потрошувачите со цел да се создаде „достапна и ефективна форма на дигитални пари за централната банка”, со што ќе се избегнат ризици за граѓаните во еврозоната и ќе ја заштити нивната приватност, како и дигиталното потенцијално влијание на еврото врз пазарот и економијата како целина.

ЕЦБ за тоа ќе соработува со претставниците на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот