Ерик Дејн - Фото: Икс

Ѕвездата од „Вовед во анатомија“ Ерик Дејн е во инвалидска количка: „Свесен е дека можеби нема да го дочека утрешниот ден“

Американскиот актер Ерик Дејн, најпознат по улогата на Марк Слоун во хит-серијата „Вовед во Анатомија“ (Grey’s Anatomy), е снимен во инвалидска количка откако му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (ALS).

Актерот бил фотографиран на аеродромот во Вашингтон, а еден фоторепортер му порачал да не ја губи надежта и му посакал сè најдобро, на што Дејн кратко одговорил: „Фала, брате“.

Извор близок до актерот за „Daily Mail“ изјавил дека Дејн сега живее во сегашниот момент, целосно свесен дека можеби нема да го дочека следниот ден.

„Сака да живее и не сака луѓето да тагуваат додека тој се бори со оваа тешка болест. Само сака да бидат присутни во неговиот живот и што е можно посреќни. Позитивната енергија е тоа што го движи напред“, додал изворот.

Неговата сопруга, актерката Ребека, неодамна зборуваше за тоа како болеста влијае врз нивните ќерки: 15-годишната Били и 13-годишната Џорџија.

„Скршено ми е срцето. Моите девојчиња навистина страдаат, а ние се обидуваме да го преживееме ова. Ова е навистина тежок период“, изјави таа за магазинот „Пипл“.

АЛС е тешка невролошка болест која ги напаѓа моторните неврони – нервните клетки одговорни за пренос на сигнали од мозокот до мускулите. Со прогресија на болеста, мускулите постепено ја губат функцијата, што влијае на говорот, голтањето и дишењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот