Гејтен Матерацо / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Ѕвездата на „Почудни нешта“: 40-годишна жена ми кажа дека била вљубена во мене уште кога имав 13 години

Серијата „Почудни нешта“ („Stranger Things“) привлече голем број обожватели со својот извонреден шарм и симпатична естетика инспирирана од осумдесеттите години на минатиот век, а одличната актерска екипа е само голем плус.

Еден од актерите, 21-годишниот Гејтен Матарацо, за време на своето гостување во поткастот „Inside of You“ истакна дека една од средбите со обожавателите му била „извонредно чудна и непријатна“.

„Неодамна ми се случи нешто што не беше многу смешно. Една жена во своите четириесетти години директно ми кажа дека е заљубена во мене уште кога сум имал 13 години“, изјави младиот актер.

Тој смета дека таа изјава на неговата обожавателка била „вознемирувачка“. За ситуацијата да биде уште побизарна, покрај споменатата обожавателка била и нејзината 13-годишна ќерка. Иако 40-годишната жена изјавила дека е „свесна за разликата во годините“, на нејзината ќерка тоа ѝ било чудно, па ја прашала: „Што не е во ред со тебе?“.

Гејтен Матерацо со неговите колеги од серијата, Кејлеб Маклохлин и Мили Боби Браун, во 2016 година / Фото: EPA/PAUL BUCK

И покрај непријатните ситуации како опишаната, тој истакна дека е благодарен за оваа серија поради „можностите што произлегоа од неа“.

„Сите секогаш зборуваат за ‘најдобри моменти во кариерата’. Мене ми е многу јасно дека Почудни нешта ќе биде најдобрата работа што некогаш сум ја снимил. И, најверојатно, таа серија ќе биде она по што ќе бидам запаметен, дури и да продолжам да работам и снимам“, објасни актерот кој го глуми ликот на Дастин во споменатата серија.

Кејт Буш руши рекорди: Благодарение на „Почудни нешта“, песна стара 37 години повторно на топ листите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!