фото: ЏУДО КЛУБ "СЕИШИН"

Џудо клубот „Сеишин“ со четири медали на меѓународниот турнир во Велико Градиште

В сабота, 8 јуни, во Велико Градиште, Србија, се одржа 10 меѓународен турнир во џудо Куп на „Сребрено ЈЕЗЕРО 2024“.

На овој турнир кој се одржува два дена, првиот ден настапија околу 285 натпреварувачи од пет држави: Србија, Данска, Русија, Романија и Македонија.

Џудо Клубот СЕИШИН -Прилеп настапи со пет натпреварувачи, а освоени се четири медали: еден златен, два сребрени и еден бронзен медал.

Резултати поединечно:

1. Тамара Илиоска 1 место
2. Марко Ацески 2 место
3. Јана Ангелески 2 место
4. Теодора Илиоска 3 место

Одлични борби прикажа и Благојче Мантароски, но не избори место на подиумот. Екипата ја водеа Мартин Ристески и Киро Здравески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот