Концертот ќе се одржи на 12 март, во 20 часот, во малата сала на Филхармонија

Џез-вокалистот Џеј-Џеј Јохансон за првпат ќе настапи во Скопје

Шведскиот уметник Џеј-Џеј Јохансон почнува да компонира како тинејџер, но дури во август 1996 година го објавува деби-албумот „Whiskey“. Албум снимен во студиото „Break My Heart“ во Стокхолмскиот Архипелаг. Брзиот успех на албумот, окарактеризиран со неговиот џез-вокал над трип-хоп ритам, поддржан од филм-ноар аранжмани, го одведе Џеј-Џеј на неговата прва од многуте светски турнеи.

Речиси 30 години подоцна, по андерграунд-хитовите „So Tell the Girl that I Am Back inTown“, „Believe In Us“, „On the Radio“ и „Heard Somebody Whistle“, соработувајќи со „Cocteau Twins“ и „The Knife“, Џеј-Џеј е сè уште активен како и секогаш, а штотуку го издаде својот 14-ти албум „Fetish“ и започна нова турнеја низ светот.

Џеј-Џеј има објавено 14 албуми, кои иако се разликуваат, сепак, имаат НЗС во неговиот џез-вокал и филм-ноар аранжмани. Неговата популарност е голема и во модните кругови, откако песната „Вертиго“ е избрана од Ралф Лорен за модно шоу пролетта 2022 година во Њујорк. Истата година Баленсијага ја зема „Девојката со сонце во нејзините очи“, пијано тема, за саундтрак на своја дигитална кампања.

Joхансон е под големо влијание на Чет Бејкер, за кого вели дека е магичен. И бојата на неговиот глас е слична на Чет, а како пресвртница во неговиот стил (премин од џез-аранжмани кон хип-хоп) ги наведува раните албуми на групата „Портисхед“. Последниот сингл „Finally“, е балада која ја вклучува Третата симфонија на Брамс.

Концертот на Џеј-Џеј Јохансон во Скопје ќе се одржи на 12 март, во 20 часот, во малата сала на Филхармонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот