
Џенифер Анистон ужива во љубовта, додека нејзиниот партнер води битка со долгови
Џенифер Анистон повторно е подготвена да го отвори своето срце и да му даде шанса на брачниот живот, а нејзиниот нов избраник, хипнотерапевтот Џим Кертис, целосно ја освоил. Нивната врска се развива изненадувачки брзо, а актерката верува дека тој е личноста со која би можела да го сподели животот до старост.
Препорачано
Според изворите, двојката веќе прави планови за интимна свадба во Кабо, а многумина се прашуваат дали Анистон малку избрзала…
Како што тврди „Сан“, новото момче на актерката често е во финансиски проблеми.
Откако на јавноста ѝ стана познато дека Џенифер Анистон пронашла нова љубов со Џим Кертис, започнаа детални истражувања за неговото минато и сегашност. Иако гради кариера на својот инстаграм-профил нудејќи мотивациски совети и животни насоки, се чини дека неговиот приватен живот не е толку хармоничен.
Финансиите често му претставуваат проблем
Во 2015 година, Кертис купил луксузен стан вреден 1,25 милиони долари, но порастот на цените на пазарот на недвижности донел и зголемување на трошоците за одржување.
Првите проблеми почнале уште во 2017 година, кога не ги подмирил вообичаените трошоци за зградата, а потоа се задолжил со над 15 илјади долари. Иако тогаш успеал да го подмири долгот во рок од два месеци, сега се нашол во уште поголеми финансиски проблеми. Неговите неподмирени обврски се искачиле на речиси 30 илјади долари, поради што решил да го изнајми луксузниот стан. Тој бара 11.500 долари месечно за целосно опремен стан со две спални соби и две бањи, па дури и нуди попуст за оние кои го сакаат ненаместен.
Оваа одлука дополнително потврдува дека Кертис е во сериозна финансиска криза, додека со Анистон планира заедничка иднина.
Иако разликата во нивниот живот и деловната стабилност е забележлива, Кертис ја уверил Анистон уште на почетокот на врската дека е подготвен за сериозна врска и заеднички живот.