Фото: Инстаграм/Џенифер Анистон/Џим Кертис

Џенифер Анистон блеска со новото момче: Вљубените уживаа на двоен состанок со Кортни Кокс и нејзиниот партнер!

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон и нејзината колешка од серијата „Пријатели“ (Friends), Кортни Кокс, беа забележани на двоен состанок со своите партнери во познатиот ресторан „Нобу“ во Малибу, објави „Пејџ сикс“.

Кокс е во врска со музичарот Џони Мекдејд, со кого е заедно од 2013 година, додека Анистон неодамна ја започна својата љубовна приказна со хипнотерапевтот Џим Кертис. Парот се запознал преку заеднички пријатели и брзо воспоставил блиска врска.

„Тие се среќни и заљубени. Повеќето време го поминуваат заедно, најчесто во нејзиниот дом во Лос Анџелес“, изјавил извор близок до актерката.


Ова не е првпат Анистон и Кертис да бидат на ваков состанок со пријатели. Во текот на летото тие беа фотографирани на одмор на Мајорка, во друштво на блиските пријатели на актерката – Оливија Вајлд, Ејми Шумер, Кортни Кокс и Џејсон Бејтман. Во јуни беа видени во луксузен хотел во Калифорнија, а претходно во мај таа откри дека ја чита неговата книга „Промена: Водич за квантна манифестација“ (Shift: Quantum Manifestation Guide). Во април, пак, призна дека токму со помош на хипноза го надминала долгорочниот страв од летање.

Пријателите на Анистон се воодушевени од новата врска и сметаат дека таа и Кертис се совршен пар.

„И двајцата имаат страст кон личен развој и духовен напредок, а Џен смета дека Џим е извонреден во тоа поле. Тоа е вистински спој на умови“, пренесува извор.

Кертис самиот себе се опишува како „трансформациски коуч и хипнотерапевт“. На Инстаграм има повеќе од 550.000 следбеници, а својата животна филозофија ја развил откако во 1995 година му било дијагностицирано оштетување на ‘рбетниот мозок. Оттогаш се посветил на медитација, исцелување и личен развој, кои денес ги споделува со јавноста преку инспиративни содржини и афирмации.

Џенифер Анистон за ранливиот период по разводот со Бред Пит: „Медиумскиот хаос ми остави трауми!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот