Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Џејсон Момоа со шокантна изјава: Немам дом, живеам на улица…

Само неколку дена откако Џејсон Момоа и Лиза Бонет официјално се разведоа, холивудскиот актер откри дека е нема дом. Тој во интервју за „Ентртејмент тунајт“ објасни дека постојано патува за потребите на документарниот филм „На патување“.

Актерот работи на снимањето на документарниот филм во која патува низ САД и се среќава со уметници, спортисти и музичари.

„Во моментов немам дом воопшто. Живеам на улица… Секогаш сум на некои чудни места“, изјави тој.

Момоа објасни дека на луѓето им е чудно кога ќе го видат во нивните мали градови.

Инаку неговата документарна серија ќе има премиера на 18 јануари на Ејџ-би-о. Момоа откри дека во иднина ќе продолжи да живее номадски начин на живот бидејќи наскоро ќе патува во Нов Зеланд за да го снима „Мајнкрафт“.

Да потсетиме, пред само неколку дена Лиза поднесе барање за развод, а ден потоа двајцата се одлучија за старателството и издршката за нивните две деца. Тие се договорија да го делат старателството и да не одат на суд.

Двојката раскина во 2020 година, но дури две години подоцна јавно објавија дека се разделуваат. Лиза и Џејсон ја започнаа својата врска во 2005 година, а се венчаа во 2017 година.

Две години по разделбата: Лиза Бонет поднесе барање за развод од Џејсон Момоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот