
Џејн Фонда го предвидела разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек: Навреме ја предупредила својата колешка
Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек неодамна одлучија да стават точка на нивниот брак, а Џејн Фонда била меѓу првите кои забележаа дека нешто не е во ред.
Препорачано
Со месеци се шпекулираше дека славниот пар повеќе не е заедно, а сега има и официјална потврда дека пејачката поднела барање за развод.
Многумина се сомневаат дека Афлек повеќе не можел да го издржи медиумскиот притисок. Ова е една од првите што го забележала Џејн Фонда, која одамна ја предупреди својата колешка.
„Навистина сакам вашата врска да функционира, но ме загрижуваат некои работи“, ѝ признала Фонда на почетокот на годината, по објавувањето на документарниот филм „Најголемата љубовна приказна никогаш не раскажана“ и продолжила:
„Ми се чини дека премногу се трудите да докажете нешто, наместо само да го доживеете. Знаеш, секоја твоја заедничка фотографија… Секогаш се бакнуваш и гушкаш“, ѝ рекла Фонда.

Лопез само ѝ се насмевнала на тоа и додала дека тоа е нивниот начин на живот.
Фонда се осврна и на зачестените слики на кои актерот често бил нерасположен, кои со месеци беа предмет на шеги, иако јасно кажале дека експонирањето му пречи.
„Навистина ме исплаши! Изгледаше толку несреќно и се прашував што се случува“, изјави Фонда во врска со ваквите слики на Греми наградите, додека Лопез беше категорична дека меѓу нив сè е во ред.