фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Џејмс Харден и Филаделфија под истрага од НБА лигата

НБА го истражува отсуството на Џејмс Харден на првиот натпревар на Филаделфија во четвртокот во Милвоки, што можеби ги прекршило правилата за учество на играчите, објавија американските медиуми.

Харден побара размена со ЛА Клиперс во текот на летото, но клубовите не успеаја да постигнат договор. После тоа имаше спор со управата на Филаделфија, доаѓаше и си замина од претсезонскиот тренинг-камп, а потоа не замина со тимот во Милвоки.

Новите правила на лигата налагаат најголемите ѕвезди да бидат достапни за националните телевизиски натпревари (Милвоки – Филаделфија беше емитуван на „ТНТ“). Харден го немаше, а Филаделфија во извештајот за повреди навела дека не играл поради враќање во натпреварувачки ритам.

– Ги разгледуваме информациите за ситуацијата на Џејмс Харден за да утврдиме дали има валидна причина зошто тој не беше на натпреварот во Милвоки – изјави портпаролот на лигата, Мајкл Бас.

НБА може да ги казни тимовите со 100.000 долари за првото прекршување на правилата за учество на играчите, освен во „ретки и невообичаени околности“, а казните се зголемуваат потоа.

Харден (34) беше избран во Ол-стар тимот 14 последователни сезони, до сезоната 2022/23. Минатата сезона за Филаделфија, тој имаше просек од 21 поен, заедно со рекордни 10,7 асистенции и 6,1 скока во 58 натпревари во кои стартуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот