Фото: EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Џејми Ли Кертис откри што ѝ напишала принцезата Дајана во писмо пред фаталната несреќа: „Никогаш нема да заборавам…“

Добитничката на Оскар, Џејми Ли Кертис, добила писмо од Лејди Ди два месеци пред нејзината смрт.

Актерката Џејми Ли Кертис (66) се присети дека во 1997 година, додека го снимала филмот „Свирепи суштества“ во Лондон, за малку ќе ја запознаела принцезата Дајана. Тој ден, за време на паузата, отишла во својата гардероба за да ја користи бањата, и токму тогаш принцезата пристигнала на снимањето со своите синови, принцовите Вилијам и Хари.

„Мојот возач затропал на вратата за да ми каже дека принцезата пристигнала, но кога се вратив, таа веќе си заминувше“, рече актерката.

Писмо што никогаш нема да го заборави

Кертис откри дека следниот ден испратила писмо до Дијана во Кенсингтонската палата, објаснувајќи зошто ја пропуштила можноста да се сретне со неа и изразувајќи почит. На нејзино изненадување, одговорот пристигнал набрзо.

„Ми се заблагодари што пишав, ја разбираше ситуацијата и хумористично додаде дека често има „повик на природата“. Исто така, напиша дека се радува на средбата со неа во иднина“, се присети Кертис. За жал, таа средба никогаш не се случила, бидејќи принцезата Дијана почина само два месеци подоцна.

Шок и сеќавање на принцезата

Кога ја слушнала веста за трагичната несреќа во Париз на 31 август 1997 година, актерката вели дека посегнала по книга за медитација и свесен живот, која веднаш ја потсетила на принцезата.

„Се сетив на Дијана и нејзините напори да живее мудро, храбро и сочувствително. Исто така, се сеќавам на сликата што остана врежана кај многу луѓе – нејзините раширени раце додека трча кон своите синови“, рече Кертис.

Добитничката на Оскар го заврши своето сеќавање со едноставни зборови:

„Продолжувам да бидам трогната од нејзината грациозност и храброст.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот