Џеј Зи
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Џеј Зи потрошил над 90.000 долари во клуб, луѓето бесни поради бакшишот што го оставил

Иако е милијардер и светски познат музички магнат, Џеј Зи не успеа да избегне остри реакции на социјалните мрежи и тоа поради „премал“ бакшиш. Случката датира од 2018 година, кога раперот организирал прослава по повод роденденот на својот близок пријател и деловен соработник, Хуан „OG“ Перез, претседател на спортскиот оддел на „Roc Nation“.

Според медиумите, вечерта започнала со раскошна вечера во еден од престижните ресторани во Њујорк, со сметка од 13.000 долари. Потоа следела посета на бар, каде што била оставена сметка од 9.000 долари. Врвот на ноќта се случил во клубот „Playroom“, каде што Џеј Зи и неговото друштво потрошиле над 91.000 долари – главно на шампањ „Ace of Spades“, бренд што му припаѓа токму нему.

На крајот од сметката, Џеј Зи оставил бакшиш од 11.000 долари, што за многумина звучеше импозантно. Но, за дел од интернет-корисниците, тоа не беше доволно.

„11 илјади на 91 илјада? Тоа не е ни 15 отсто!“, се пожалија некои на платформата Икс (поранешен Твитер). Други пак коментираа: „Ако Џеј Зи дава 15 отсто, како да се очекува обичен работник да даде 20 отсто?“, „Не излегувај ако не знаеш да даваш бакшиш“.

Од друга страна, имаше и такви што ги бранеа постапките на раперот. „Жена добила 11.000 долари бакшиш за една вечер, а вам тоа ви е проблем?“, реагираше еден корисник. „Во кој свет живееме кога и 11.000 долари се сметаат за недоволно?“, додаде друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот