
Џеј Зи: Јас и моето семејство добиваме смртни закани и расистички навреди
Иако пред неколку дена беа отфрлени обвиненијата против Џеј Зи дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година со уапсениот рапер Шон Диди Комбс, раперот тврди дека тој и неговото семејство продолжуваат да добиваат смртни закани, сето тоа поради, како што вели, „измислените и злонамерни“ обвинувања.
Препорачано
Во правната изјава тој рече дека луѓето го вознемируваат преку интернет и му се закануваат дека ќе го „убијат“ и него, Бијонсе и нивните деца. Според него, многумина пишувале дека „заслужува да биде во затвор“ како Диди, а подоцна и „во пеколот со него“.
Други го нарекоа „сатанист“, „шверцер со луѓе“, „терорист“ и „чудовиште“, а добиваше и расистички навреди, пишува „Дејли мејл“.
Тужбата против него неодамна беше повлечена од адвокат и жената која тврдеше дека ја силувал. Џеј Зи претходно го тужеше адвокатот Тони Базби за изнуда, клевета и намерно нанесување емоционална штета.
Раперот тврди дека Базби стратешки ја поднел тужбата ден пред премиерата на филмот „Mufasa: The Lion King“, во кој глумат неговата ќерка Блу Ајви (13) и сопругата Бијонсе. Така, тој го принудил да избере дали ќе присуствува на премиерата со нив, што на крајот и го направил или да се повлече поради обвинувањата.
Тој исто така тврди дека обвинувањата го чинеле 20 милиони долари за деловни зделки и спонзорства од компании кои се обиделе да се оградат од него по скандалозните обвинувања.
„Се чувствував како Базби да ми ставил пиштол на глава – или ќе се потчинам на неговите барања или ќе претрпам финансиска пропаст“, рече раперот.
Откако во јавноста излезе дека е ослободен од обвиненијата, Џеј Зи веднаш се огласи: „Ова е победа“.
За потсетување, адвокатот Базби, исто така, поднесе серија тужби во име на луѓе кои тврдат дека Диди сексуално ги злоставувал. Уапсениот рапер моментално се соочува со повеќе од 40 обвиненија за сексуален напад, рекет и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација. Неговото судење треба да започне овој мај во Њујорк.