фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Џеди Осман ќе биде нов кошаркар на Панатинаикос

Турскиот кошаркар Џеди Осман роден во Охрид, Македонија, ќе потпише договор со Панатинаикос, објави претседателот на грчкиот клуб Димитрис Јанакопулос.

Осман се враќа во Европа откако лани беше дел од Сан Антонио спарс, а претходно шест години играше за Кливленд кавалирс.

Во претходниот европски мандат играше за Анадолу Ефес, но не соработуваше со сегашниот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, кој го презеде тимот од Истанбул кога Осман замина во НБА во 2017 година.

Минатата сезона 29-годишниот играч имаше просек од 6,8 поени, 2,5 скока и 1,7 асистенции по натпревар.

Претходно интерес за услугите на Осман покажаа и екипите на Реал Мадрид и Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!