Сцена од филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Profimedia

Џастин Балдони и претходно зборуваше за својата зависност од порнографија: „Имав 10 години, хормоните почнаа да ми дивеат…“

Актерот Џастин Балдони пред три години призна дека имал „нездрав“ однос со порнографијата, за што сега повторно се дискутира во јавноста поради тужбата за сексуално вознемирување што против него ја покрена актерката Блејк Лајвли, пренесува „Пејџ сикс“.

„Дознав за порнографијата кога имав десет години. Многу пред да имам ерекција или и да знам како се чувствувам за што било. Тоа беше како секој млад човек кога гледа гради за првпат. Возбудливо е затоа што нашата култура ги има заштитено бидејќи тие се сексуализирани. Тоа е дел од културата. Одите на места како што е Африка, каде што има различни племиња, а гради се гради. Ние го сексуализиравме тоа. Така што, секако, тоа станува фасцинантно и интересно и си велите: О, Боже, гради. И тогаш, знаете, хормоните почнуваат да дивеат“, рече тогаш Балдони.

Фото: Photo Image Press / Zuma Press / Profimedia

Актерот и режисер на филмот „Ова завршува со нас“ („It Ends With Us“) рече дека барал засолниште во порнографијата кога се чувствувал сам, напуштен или повреден бидејќи тоа му било „налет на допамин“.

„Го тренирав мојот мозок да се справува со болката со помош на допамин… Во текот на мојот живот се навраќав да гледам фотографии и видеа од голи жени кога се чувствував лошо и знаев дека ми е проблем да не го гледам тоа“, рече тој.

Според документите поднесени минатиот петок, Лајвли го обвинува Балдони за сексуално вознемирување и клевета. Балдони, наводно, бил предупреден да престане да ѝ прикажува голи видеа или фотографии на Лајвли од жени и да престане да ја спомнува неговата зависност од порнографија и сексуални теми, да престане да ги спомнува гениталиите на актерската екипа и да престане да ја прашува Лајвли за нејзината тежина  или за нејзиниот починат татко.

Џастин Балдони на премиерата на „Ова завршува со нас“ во Њујорк : – / INSTAR Images / Profimedia

Исто така, тој бил повикан да не бара повеќе сцени со секс пред камерите отколку што е договорено во сценариото. Лајвли, исто така, го обвини Балдони дека учествувал во „социјална манипулација“ за да ја уништи нејзината репутација.

Жалбата, според „Пејџ сикс“, вклучувала наводен текст од публицистот на Балдони до претставник на студиото во кој се наведува дека „сакал да се чувствува како Лајвли да е погребана“, на што друго лице одговорило: „Знаеш дека можеме да закопаме секого“.

Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, рече дека наводите се целосно лажни и злонамерни и се очајнички обид да се поправи негативната репутација на Лајвли, која беше униште со нејзините забелешки и лудории за време на кампањата на филмот „Ова завршува со нас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот