Ангел Џамбаски/ Фото snapshot/Future Image/D Anoraganingrum / Shutterstock Editorial / Profimedia

Џамбаски: Македонија била и е бугарска, Северна Македонија е заслуга на Тито

Македонија била и е бугарска. Северна Македонија е нешто друго, тука заслугата е на Тито, пишува на Фејсбук бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Одговарајќи му на претседателот Стево Пендаровски, тој вели дека со „забрани за влез во земјата нема да се избрише вистината“.

Пендаровски вчера за време на состанокот на Советот за безбедност предложил забрана за влез во државата за еден пратеник и повеќе лица од Бугарија.

Напоменувајќи дека тој според неговите надлежности може само да предложи ваква мерка, рече дека предлогот за забрана на влезот во Македонија се однесувал на повеќе лица од Бугарија, меѓу кои и еден пратеник на земјата во Европскиот парламент. Иако не го спомена по име Ангел Џамбаски, претседателот во одговор на новинарско прашање не негираше дека се работи токму за бугарскиот европратеник, кој неодамна беше во Скопје на одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева.

 

ВИДЕО | Пендаровски: Предложив да им се забрани влез во земјава на повеќе лица од Бугарија

Милков нека прошета до Ваташа да види дел од традицијата на колежи и насилство, порача Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот