
Џајиќ: Убеден сум дека Србија е најквалитетна фудбалска репрезентација во регионот
Репрезентацијата на Србија во Стара Пазова ги започна подготовките за првите квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024 против Литванија и Црна Гора.
Препорачано
Новиот претседател на Српската фудбалска федерација, Драган Џајиќ на тренингот ги посети најдобрите српски репрезентативци.
В петок играчите на Драган Стојковиќ Пикси во Белград ќе бидат домаќини на Литванците, а три деан подоцна ќе гостуваат во Подгорица кај Црногорците.
Џајиќ е убеден дека Србија е најквалитетна фудбалска репрезентација во регионот.
– Сакам да ве поздравам сите и да ви посакам среќа на почетокот на еден нов циклус, кој сите очекуваме да заврши позитивно, односно да се пласирате на ЕП. Нема причина да размислувате негативно. Убеден сум дека сте најдобрата фудбалска репрезентација во регионот и дека тоа ќе го докажете уште еднаш на теренот. Чекор по чекор. Никој од нас нема волшебно стапче, но со добрата атмосфера во тимот и со пристапот кој досега го имавте кон репрезентативните обврски, мислам дека нема причина за грижа – вели Џајиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5