фото: fss.rs

Џајиќ пред жрепката за Евро 2024: Не дај Боже да ја извлечеме Албанија

Квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија се завршени, познати се 21 учесник, а останатите три ќе го дознаеме во март следната година по плеј-офот во Лигата на нации. УЕФА ги објави шеширите пред жрепката која е закажана за 2 декември во Хамбург од 18.00 часот.

Фудбалската репрезентација на Србија го освои второто место во квалификациската група „Г“ зад првопласираната Унгарија. Србите се во последниот четврти шешир заедно со Италија и Швајцарија, како и победниците од плеј-офот во Лигата на нации.

Европско првенство 2024

Прв шешир: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија, Франција
Втор шешир: Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија, Австрија
Трет шешир: Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка
Четврти шешир: Србија, Италија, Швајцарија и три победници од плеј-офот во Лигата на нации

За своите желби пред жрепката зборуваше претседателот на Фудбалската федерација на Србија, Драган Џајиќ:

– Сите имаме право на желби, но желбите се едно, а реалноста друго. Кој и да го извлечеме е тежок противник. Не можам сега јас да кажам само не Германија, Шпанија, Франција…Тешки се, но и Романија, не дај Боже Албанија. Сите тие можат да ни направат одреден проблем. Треба да ги цениме нашите успеси и нашите играчи, но да не преценуваме. Мора да бидеме реални за да го направиме тој чекор напред – се зборовите на Џајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!