Двајца вработени во хотелот под истрага за смртта на Лијам Пејн: Сокриле дрога во кутија за сапун во собата на пејачот
Двајца вработени во хотелот „КасаСур“ во Буенос Аирес каде што Лијам Пејн почина по пад од балкон, се под истрага под сомнение дека го снабдувале пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт. Мажите се обвинети дека шверцувале разни наркотици во апартманот на пејачот во хотелот кој се наоѓа во луксузниот кварт Палермо, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Се верува дека собар и уште еден член на персоналот ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која детективите ја пронашле во собата на Лијам по неговата смрт. Се верува дека раководството на хотелот било свесно за невообичаеното однесување на двајцата вработени и дека еден од вработените бил отпуштен.
Детективите ги испрашувале и вработените за нивната можна улога во смртта на пејачот.
„Во хотелот имало двајца мажи кои му доставувале дрога на Лијам“, открил близок пријател на пејачот.
„Праќаа такси да земат пакети за него. Еден од овие луѓе работеше во одделот за чистење. По смртта на Лијам, забележале дека такси било испратено на домашна адреса на вработениот. Менаџерот на хотелот го прашал зошто таксито отишло кај него на домашна адреса, а кога не можел да даде објаснување добил отказ“, додал тој.
„Лијам правеше сè за да остане чист, но штом стигна до хотелот, овие луѓе му понудија алкохол и дрога“, истакнал пријателот на Лијам.
Да потсетиме дека полицијата во Буенос Аирес објави дека хотелската соба на Пејн е „во целосен хаос“ и дека бројни предмети „се скршени и расфрлани“. Во соопштението се наведува и дека шише виски, запалка и мобилен телефон биле пронајдени и во внатрешниот двор на хотелот, каде што било пронајдено телото на пејачот. Лијам Пејн почина откако падна од третиот кат во хотелот во Буенос Аирес. Имаше 31 година.


