Фото: илустрација / МИА

Двајца млади моторџии се тешко повредени во одвоени несреќи во Скопје и велешко

Двајца мотоциклисти, на возраст од 22 и 25 години, вчера тешко се повредиле при падови од моторите, соопшти МВР.

Во првиот инцидент, настрадал моторџија од велешко:

„На 25.03.2025 околу 15:35 часот во СВР Велес, од болницата во Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Е.С.(22) од село Клуковец, велешко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл во село Клуковец. Полициски службеници излегле на лице место и се работи на расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Во втората несреќа, тешко е повреден мотоциклист од Скопје:

„На 25.03.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, Е.Б.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридкси“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот