Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Двајца кумановци се уапсени зашто ја снимале со дрон зградата на полицијата во градот
Полицијата денеска упаднала во домовите на двајца кумановци и во фирмата на едниот од нив, откако на социјалните мрежи двајцата објавиле снимки од дрон на кои се гледа зградата на СВР Куманово, полициски возила и физичкото обезбедување за празникот 2 Август, соопшти МВР.
Препорачано
„Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик. Имено, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичкото обезбедување на настан по повод празникот 2 Август, а поради основи на сомнение дека ги направиле Д.Х. и Д.Г. извршени се претресите. Притоа, во домот на Д.Х. се пронајдени, дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет за понатамошна постапка, додека кај Д.Г. биле пронајдени 14 дронови“, велат од полицијата.
Со двајцата се извршени службени разговори во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветна пријава, додаваат од МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
10мин
-
19мин
-
26мин
-
43мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5