Институт за белодборни заболувања кај децата – Козле
Институт за белодборни заболувања кај децата – Козле / Фото: МИА

Дваесетина деца од прифатниот центар Визбегово чекаат тестирање за туберкулоза

Дваесет и две деца сѐ уште не се тестирани за туберкулоза, иако се контакти на веќе потврдени случаи. Состојбата со туберкулоза во земјава станува централна тема откако неодамна почина десетмесечно бебе кое било заразено и неухрането. Оттогаш и нови суспектни случаи се на листата за тестирање во болницата во Козле каде има оддел за туберкулоза.

-Околу 22 деца на број што се во прифатниот центар Визбегово, уште не почнале да доаѓаат, се работи преку социјалните служби. Децата од семејството на детенцето што лежи на Детска клиника и што се веќе примени кај нас на одделот се стабилни и уште се иследуваат, вели за Слободен печат доктор Катерина Бошковска, раководителка на Одделот за туберкулоза во детската болница Козле.

На Клиниката за детски болести хоспитализирано е две ипол годишно дете кое што има потврдена туберкулоза. Во болницата било примено со друга дијагноза, но постојано за него се испраќале нови и нови примероци за испитување и позитивен резултат е добиен минатата недела. Ова дете на Детска клиника е примено на 31 јануари со конвулзии, фебрилност и во тешка општа состојба. Од почетокот се водело како менингоенцефалит. Неговата состојба е комплицирана и развило хидроцефалус. Најверојатно поради тешката општа состојба во три наврати за него добиени се негативни наоди за туберкулоза, но сепак таа не била исклучена како можен етиолошки фактор. Затоа континуирано се праќалњ нови примероци, последниот земен пред минатата недела и позитивен. Детето е интубирано и е на респиратор.

-Детето е во тешка состојба. Компликацијата е менингитис со хидроцефалус, централно зафаќање. Другите деца се проследуваат во Козле, бидејќи таму е центарот за туберкулоза кај деца. Ова дете е кај нас зашто е на механичка вентилација. Вакцината против туберкулоза се прима во породилиштето, се ревакцинира подоцна на предучилишна возраст. Во цел западен свет туберкулозата е искоренета. Кај нас има зголемување во период кога мислевме дека бројките одат надолу и кога мислевме дека нема да се јавуваат особено тешки форми, а се јавуваат, вели за „Слободен печат“ професор доктор Стојка Нацева Фуштиќ, директорка на Клиниката за детски болести.

Туберкулозата е предизвикана од бактерии од родот микобактериум туберкулозис која првенствено ги зафаќа белите дробови но може да се појави во било кој орган како кожа, мозок, зглобови, коски, дигестивен, генитален, уринарен систем итн. Според податоците на СЗО 9 милиони лица заболуваат од туберкулоза годишно а околу 1.5 милиони завршуваат фатално. Секое нелекувано лице може да зарази 10 до 15 лица во својата околина.

Не секој контакт со бактеријата предизвикува болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот