Фото: Скриншот/Јутјуб

Два милиони прегледи за десет часа: Излезе нов трејлер за „Avatar: The Way of Water“

Објавен е нов трејлер за долгоочекуваниот филм „Avatar: The Way of Water“, кој за само десет часа собра два милиони прегледи на платформата Јутјуб.

Трејлерот ја прикажува епската битка меѓу племето Нејви и луѓето и ни дава мал увид на тоа што ќе нѐ очекува во киносалите од 16 декември, датумот кога ќе почне да се прикажува овој филм.

Патем, многу малку детали се споделени за долгоочекуваното продолжение на режисерот Џејмс Камерон. Она што се знае е дека приказната временски е сместена една деценија по настаните од првиот филм.

„Џејк Сали (Сем Вортингтон) живее со своето семејство на вонземната месечина Пандора. Штом ќе се врати познатата закана да го заврши она што го започнал, Џејк мора да работи со Нејтири (Зои Салдана) и војската на Нејви за да ја заштити сопствената планета“, пишува во опис на заплетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот