
Два милиони луѓе ги следеле нејзините совети за родителство, а таа ги злоставувала сопствените деца
Милиони луѓе слепо им верувале на нејзините совети за родителство, а таа била „мајка од пеколот“ и ги злоставувала сопствените деца.
Позната инфлуенсерка која има шест деца и ја следат над 2 милиони луѓе на Јутјуб е уапсена поради злоупотреба на сопствените деца. Станува збор за инфлуенсерката Руби Френк која имала канал на Јутјуб посветен на родителството, но зад затворени врати се случувал пекол! Таа е уапсена поради злоупотреба и запоставување на сопствените деца. Руби го водела каналот на на Јутјуб заедно со сопругот и шесте деца, а со своите следбеници споделувала семејни авантури и анегдоти од нивното секојдневие. Ова насмеано среќно семејство всушност криело голема тајна.
Препорачано
Мајката инфлуенсерка е уапсена во Јута откако едно од нејзините деца избегало низ прозорец. Соседите го пронашле детето на улица со, како што пишуваат медиумите, „отворени рани и изолаторна лента околу екстремитетите“. Детето молело за храна и вода и изгледало изнемоштено и неухрането.
– Состојбата на малолетникот беше толку сериозна што веднаш е прегледан, а потоа префрлен во болница. Полицијата доби дојава дека во куќата има и други малолетници во слична состојба и изврши претрес. Пронајдено е уште едно дете со знаци на неухранетост и исто така е пренесено во болница, соопшти полицијата.
Во семејната куќа на инфлуенсерката полицијата пронашла и докази „поврзани со повредите што ги имало детето“, а вкупно четири деца биле ставени под надзор на социјални работници.
Руби и нејзиниот сопруг Кевин имаат шест деца – Шери, Чад, Аби, Џули, Расел и Ива. Најстарата ќерка Шери се огласи на Инстаграм и напиша само еден збор покрај фотографијата од полициските автомобили пред куќата – „конечно“.
Сестрите на уапсената инфлуенсерка се огласија и на социјалните мрежи со констатација дека Руби одамна требало да биде уапсена.
– Последниве три години молчевме за нашата сестра заради безбедноста на нејзините деца. Далеку од очите на јавноста, се потрудивме да ги заштитиме најмалите. Руби и Џуди беа уапсени и тоа мораше да се случи, сега приоритет е состојбата на децата, напишале трите сестри на уапсената инфлуенсерка.
Руби и нејзиниот сопруг се членови на „Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни“ и во нивните видеа пропагираат дека децата мора да ги прифатат „принципите на вистината“. Ако не го направат тоа, се сметаат за неспособни за безусловна љубов и мора да бидат „отсечени од семејството“.
Тие споделија сè во нивните видеа, вклучувајќи ги и начините на кои треба да ги казните вашите деца, а едно видео откри грозоморен детал. Нивниот син Чад како казна морал да спие на „мрзливиот кревет“ седум месеци, додека на нивната 6-годишна ќерка не и донеле ужина во блиското училиште кога ја заборавила. На децата исто така им бил ускратен личен простор, а доколку биле непослушни ги казнувале со фрлање на омилените работи или играчки.