Мишел Трактенберг - Фото: EPA/PAUL BUCK

Два месеци подоцна: Откриена причината за смртта на ѕвездата од „Озборувачка“

Објавена е официјалната причина за смртта на Мишел Трактенберг, американска актерка најпозната по улогите во сериите „Озборувачка“ и „Бафи убиецот на вампири“ која ненадејно почина на 39-годишна возраст. Според извештајот на Канцеларијата на медицинскиот преглед во Њујорк, причината е компликации поврзани со дијабетес мелитус, а смртта се карактеризирала како природен, пренесуваат странските медиуми.

Актерката беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетен на 26 февруари 2025 година, откако службите за итна помош интервенираа во раните утрински часови. Полицијата не нашла докази за насилство или сомнителни околности, што дополнително потврди дека се работи за природна смрт.

Поради религиозните убедувања на семејството, не била извршена обдукција, но лабораториските и токсиколошките наоди му овозможиле на лекарот да ја утврди причината за смртта. Семејството инсистирало на приватност во овој тежок период, а јавноста била информирана за причината за смртта речиси два месеца по нејзината смрт.

Според извори блиски до неа, Трактенберг се бореше со здравствени проблеми во последниве години, вклучувајќи го и дијабетесот, а наводно неодамна и била подложена на трансплантација на црн дроб. Таа беше отворена со пријателите за нејзините здравствени и емоционални предизвици, што подоцна беше потврдено од извори блиски до семејството и колегите.

Мишел Трактенберг ја започна својата актерска кариера како дете, појавувајќи се во реклами и популарни детски серии како „Авантурите на Пит и Пит“ и во филмот „Шпионот Хариет“. Светската слава ја стекна со улогата во серијата „Бафи убиецот на вампири“, а подоцна и како Џорџина Спаркс во серијата „Озборувачка“.

По веста за нејзината смрт, бројни колеги и пријатели од индустријата, вклучувајќи ги Блејк Лајвли и Сара Мишел Гелар, ѝ оддадоа почит на социјалните мрежи, истакнувајќи ја нејзината харизма, талент и лојалност кон нејзините пријатели.

Шокантни детали од животот на Мишел Трактенберг: Била блиска со Бил Клинтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот