Сообраќајна несреќа во Словенија ФОТО/Индекс.хр

Kамиони од иста компанија се судрија во Словенија – настрадаа куќа и капела

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на Св. Антон, недалеку од Копер во Словенија.

41-годишен возач од Босна со камионот со голема брзина удрил во возилото на колегата пред него, кој бил од Копер, на возраст од 40 години. Превртениот камион паднал на страна и удрил во куќа и капела покрај патот, кои се целосно урнати.

Двата камиона се во сопственост на иста компанија од Копер.

Возачот на удрениот камион и неговиот 45-годишен сопатник од околината на Копер се тешко повредени и двајцата се во болницата во Изола. Лекарите се борат за животот на едниот од пациентите. Пожарникарите морале да го извлекуваат возачот од згмечената кабина, пренесува Индекс.

Во вториот камион, возачот е полесно повреден, а неговата 44-годишна сопатничка од Босна и Херцеговина е тешко повредена. Во несреќата учествувал и автомобил управуван од 38-годишна жена од Копер со шестгодишна сопатничка. И двајцата се полесно повредени.

Во моментот на ударот во куќата немало никого, но материјалната штета била голема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот