Фото: Принтскрин/Инстраграм

Душко Тошиќ се огласи по разводот со Јелена Карлеуша, порача само едно

Откако пејачката Јелена Карлеуша денеска ја извести јавноста дека по 16 години потпишала спогодбен развод, по истиот повод се огласи и Душко Тошиќ.

„Почитувани медиуми и пријатели,

По 16 години брак се разведов спогодбено се разведов од мајката на моите деца Јелена. Спогодбата е составена заемно и на задоволство на сите, а најмногу се однесуваше на иднината на нашите деца, што нам ни е најважно.

Се договоривме целиот наш заеднички недвижен имот да им припадне на нашите ќерки Ники и Атина. Исто така, секоја моја обврска како татко и машка фигура се подразбира. За мене најважна ставка беше да можам да поминувам време со нашите деца кога ќе посакам и кога и да имам можност.

Што се однесува до односот помеѓу мене и Јелена, нормално е кога ќе се случи развод да има гнев и искри, но се надевам дека и тоа еден ден ќе престане. Мислам дека Јелена е добра мајка и добар пријател и би сакал да останеме пријатели и да имаме добар однос заради нашите деца. На Јелена ѝ посакувам сè најдобро и секогаш ќе бидам тука за мајката на моите деца како и за моите деца. Сите грди работи треба да се останат зад нас и само нашите деца да бидат центарот на нашиот свет како што се. Голем поздрав, Душко,“ пишува во соопштението што го објави Душко Тошиќ на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/DuskoTosic

ФОТО | Јелена Карлеуша спаси и вдоми уште едно куче: Тажната судбина на новиот член Омега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот