Фото: Profimedia

Дурмиши ја потпишал владината одлука за минималецот, за да не се блокира исплатата на мартовските плати

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши ја потпишал владината Одлука за законското усогласување на минималецот, без согласност од синдикатите за да не се предизвикала блокада во исплатата на платите во државата.

-Замислете што ќе се случеше ако не ја потпишев Одлуката. Законски мораше да се знае сумата до 31 март, бидејќи ќе се предизвикаше блокада на сите институции и на работодавачите. Немаше согласност од синдикатите, бидејќи им е истечена репрезентативноста. Постапивме според законот – рече Дурмиши.

Тој порача дека веќе е формирана Комисијата која треба да ги изброи синдикалните членови.

-Кога ќе се определи нивната репрезентативност, веднаш ќе го свикам Економско-социјалниот совет и тогаш сите ќе ги изнесат своите аргументи за минималната плата – додаде Дурмиши.

Според министерот за економија, секој има право да протестира, бидејќи сме демократско општество.

-Еконономско-социјалниот совет е местото каде синдикатите треба да ги кажат своите барања, а не на улица. Ако се договорат поинаку, тогаш ние како Влада сме тука да ги поддржиме – рече Дурмиши, но избегна да одговори на прашањето дали смета дека усогласувањето од 1.800 денари е доволно за достоинствен живот на работниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот