
Дури 18 луѓе завршиле во болница по синоќешниот пожар во фабриката „Винчини“
Осумнаесет луѓе се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот кој избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. Дел од нив се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА доктор Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на Одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница.
Препорачано
„Петмина од повредените се наоѓаат на хирургија, од нив четворица се со изгореници на нозете од прв и втор степен. Петтиот што е задржан на хируруршкото одделение е со инхалациони (токсиколошки) повреди. Други петмина се згрижени на интерното одделение во Општата болница во Кочани. Сите се со инхалациони повреди (вдишување чад), односно со токсиколошки наод. Шест други луѓе веднаш се препратени на Клиника во Скопје, сите затруени со чад од огнот. Преостанатите заминале по укажаната интервенција“, вели д-р Цимбаљевиќ.
Како што претходно соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, повеќе пожарникари имале изгореници на нозете и стапалата од растопениот шеќер во фабриката за слатки.
Сите примени во Болницата во Кочани се во стабилна состојба, вели д-р Цимбаљевиќ.
Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница, напомош пристигнале и пожарникари од уште осум македонски градови.
ВИДЕО | Голем пожар попладнево во фабриката „Макпрогрес“ во Виница