Анджеј Дуда/ Фото EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Дуда повика на укинување на „Северен поток 2“

Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на посетата на Киев повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен поток 2″, кој ги поврзува Русија и Германија.

„Не може да има враќање во нормала во односите со Москва”, рече Дуда денеска на самитот на Кримската платформа.

Според него, „потребна е нова политика која ќе го отстрани Северен поток 2″, јави полската новинска агенција ПАП.

Полска и другите источни членки на ЕУ долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање.

Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската инвазија на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот