
ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор на Гинекологија откако родилка скокна од првиот кат на болницата
Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор на Универзитетската клиника за гинекологија откако во неделата родилка скокна од првиот кат на болницата.
Препорачано
Од Министерството за здравство информираат дека комисијата е на терен и се утврдува фактичката состојба.
По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана – велат од Министерството.
Како што вчера информираше директорката на Гинекологија, д-р Викторија Јовановска, станува збор за 39-годишна родилка која е во критична состојба.
На 30 јуни, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог и следена е согласно дадените препораки. Следниот ден пациентката била без особени тегоби и е со уреден гинекошко-акушерски статус, а на 2 јули на утринската визита се пожалила на слична симптоматологија како и на 30 јуни, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар.
Пациентката немала некои посебни психички проблеми, освен што била лесно вознемирена и не сакала да го дои бебето, што не е првпат, изјави д-р Јовановска.