Училиште / илустрација / Фото: Мустаф Јонузи / Google Maps

ДСЗИ: Вонредни инспекциски надзори во училиштата каде што има пријави за салмонела

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во текот на денешниот ден во соработка со претставници од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство врши вонредни инспекциски надзори во училиштата каде има пријава за заболување со салмонела.

ДСЗИ соопшти дека се врши надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување.

Инспекторатот вчера бил информиран од Центарот за јавно здравје – Скопје дека во одделението за епидемиологија се пристигнати седум пријави за заболување од заразна болест со Dg. Salmonellozis кај ученици кои посетуваат настава во три основни училишта на територија на Општина Карпош и тоа: ООУ Владо Тасевски, ООУ Војдан Чернодрински и ООУ Јан Амос Коменски, Општина Карпош, Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот