Универзитетска детска клиника / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ДСЗИ најави вонредна инспекција на Детската клиника по смртта на седуммесечното бебе

Од Министерството за здравство попладнево информираат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе на Детската клиника во Скопје.

– Во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе, донесено синоќа на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека било примено под сомнение за сериозен синдром со прогресивен тек, што предизвикал оштетување на повеќе органи, за жал состојбата на бебето се влошила и покрај максималните напори на медицинскиот персонал, по што настапило рапидно влошување на состојбата. Се очекува да биде извршена обдукција, по што ќе бидат точно утврдени причините за смртта, велат од МЗ.

Министерството изразува сочувство до семејството и најблиските за загубата.

Претходно, директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди во изјава за МИА појасни дека бебето било со генетски проблем и имало оштетени повеќе органи.

Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и во случајот нема лекарска грешка. Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и врз здравствениот персонал во оваа институција.

Телото на бебето било пратено на обдукција на Патологија.

Драма на Детската клиника: Нема дежурен доктор во амбуланта, директорот казнет со 1.200 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!