Државен завод за статистика / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Државниот завод за статистика одбележува 80-годишен јубилеј

2025 е прогласена за година на македонската статистика и во текот на оваа година се организраат повеќе настани, активности и работилници за да се зголеми свесноста за важноста на официјалните статистички податоци и нивната употреба во носењето на одлуки и стратегии

Осум децении официјалната статистика е сведок на општествените промени, на економскиот раст, на демографските промени, на социјалните текови и на секој обид како држава да изградиме подобро утре. Taa прерасна од рачно собрани податоци, до дигитални платформи, од статистички годишник во хартиена форма до отворени бази на податоци достапни за сите граѓани, изјави директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков на свечената Академија по повод јубилејот 80 години од нивното постоење.

Како што рече Станков, 2025 е прогласена за година на македонската статистика и во текот на оваа година се организраат повеќе настани, активности и работилници за да се зголеми свесноста за важноста на официјалните статистички податоци и нивната употреба во носењето на одлуки и стратегии.

Премиерот Христијан Мицкоски им го честиташе јубилејот и им посака да работат како и досега и да даваат точни и прецизни насоки за тоа како да се движи државата, бидејќи се значајна алатка за развојот на едно општество.

Инаку, свеченоста се одржува во меѓународен формат, што претставува признание за важната улога на македонската официјална статистика на национално и на меѓународно ниво. Јубилеите „80 години Државен завод за статистика“ и „25 години собирање родово разделени податоци“ се прославуваат во партнерство со Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот