Државната обвинителка скептична за најавата на Трамп за трет мандат: „По завршувањето на актуелниот мандат, најверојатно ќе биде готово“

Американската државна обвинителка Пем Бонди изрази скептицизам во врска со неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека планира да се кандидира за трет мандат во Белата куќа.

Бонди додаде дека кога актуелниот мандат на американскиот претседател ќе заврши во јануари 2029 година, најверојатно ќе биде „готово“.

Коментарите дојдоа само една недела откако Трамп рече дека размислува да се кандидира за трет мандат, и покрај фактот што тоа е забрането според Уставот на САД.

Во интервјуто за NBC News емитувано на 30 март, американскиот претседател изјави дека „не се шегува“ со идејата за трет мандат, додавајќи: „Сакам да работам“. Запрашан како може да го заобиколи ограничувањето од два мандата на сите претседатели, тој рече: „Постојат методи што можете да ги користите за да го направите тоа“.

Позицијата на Бонди во спорот има тежина, бидејќи таа е највисокиот функционер за спроведување на законот во САД, но и поддржувач на Трамп. Во интервју за Fox News Sunday, таа рече дека претседателот е „многу интелигентна личност и би сакала тој да биде претседател 20 години“, пишува „Гардијан“.

„Но, мислам дека најверојатно ќе заврши по завршувањето на мандатот. Ќе треба да видиме што пишува во Уставот и тоа нема да биде лесно“ рече таа.

Границата од два мандата беше воведена во 1951 година со ратификацијата на 22-от амандман на Уставот од страна на државите. Во него се наведува дека „ниту едно лице не може да биде избрано на функцијата претседател повеќе од два пати“.

Ова ограничување беше воведено поради Френклин Рузвелт, кој помина три цели мандати како претседател за време на Втората светска војна. Го освои четвртиот претседателски мандат, но почина во 1945 година, само една година по неговата победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот