Државата крати по 100 евра месечно на едно дете со Даунов синдром, јавноста згрозена

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Дел од децата со Даунов синдром го загубија додатокот од државата од 6 илјади денари затоа што биле прегледувани од Комисијата за проценка за развојот кај децата со посебни потреби која заклучила дека имаат добра функционалност. Родителите се гневни и резигнирани и велат дека без разлика на тоа колкав е напредокот кај дете со Даунов синдром, потреба од дефектолог секогаш ќе има, речиси секогаш во овие семејства еден од родителите не работи за да му се посвети на детето, со што тие семејства стануваат семејства во социјален ризик.

Маја Васева, мајка на дете со Даунов синдром за „Слободен печат“ вели дека во Законот за детска заштита од Членот 33 укината е дијагнозата Даунов синдром. Сега Комисијата се правда со тоа дека прават фукционална проценка на детето.

– Секој експерт ќе ви објасни дека дете со Даунов синдром има низа нарушувања, засегнат е моторниот систем, говорот, имунитетот, сите околности од развојот на детето. Нема дете со висока функционалност, а со Даунов синдром, тоа го извртуваат. Барам од УНИЦЕФ да застанат на страната на децата, бидејќи овој проект се спроведува со нивна помош.  Кога Меѓународна класификација на функционалнот (МКФ) го воведуваше ова никаде не кажаа дека им се укинува посебниот додаток на овие деца. Лицата со Даунов синдром речиси секогаш се со комбиниран вид на попреченост. Моето дете има задоцнет моторен и когнитивен развој, не зборува, има ослабена мускулатура која ќе го следи цел живот, низа нарушувања за чиј третман се потребни средства кои мораме како семејство да ги обезбедуваме, изјави Васева за „Слободен печат“.

„Канал 5“ телевизија објави сведоштва на родители од кои е евидентно дека МКФ ги одбива за посебен додаток дел од лицата со Даунов синдром, и тоа најмалите, бидејќи не сакаат да им дијагностицираат степен на попреченост на деца под 6 години, а одбиваат да утврдат комбиниран тип на попреченост, одбиени се и некои деца над 6 години.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот