
Државата ќе го плати долгот на Клинички за струја, но кој дозволи три години да не биде платен?
Јавноста веќе се прашува што се чекало толку долго за долговите да се натрупаат и како е можно економскиот директор да не презел никакви мерки се досега, кога ситуацијата станала алармантна
Детално чешлање на Буџетот, за да најде пари и да ги префрли за барем делумно да се намали огромниот долг за струја на Клинички центар од 7 милиони евра, ќе прави министерот за финансии Фатмир Бесими.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој за медиумите откри и дека освен за струја, долгот на Мајка Тереза расте и по други основи, што според него е доказ дека таму очигледно не се работи домаќински.
Факултетите, судовите и затворите поради долгови, можат да останат без струја
И премиерот Димитар Ковачевски, рече дека државата мора да помогне, но не прецизираше кога би се платил долгот. Во неплатените сметки на Клинички, кои патем датираат од пред три години, влегуваат и фактури од ГОБ 8 Септември.
Јавноста веќе се прашува што се чекало толку долго за долговите да се натрупаат и како е можно економскиот директор да не презел никакви мерки се досега, кога ситуацијата станала алармантна?
Прашање е за што се трошеле парите, ако се знае дека енергетската криза е од оваа година, а претходните две, цените на струјата беа стабилни. Инаку, единствениот начин да се намират сметките, како што објави Телма, е парите да се префрлат на Фондот за здравство, а потоа од таму да се распределат по клиниките и со така да се платат фактурите.
-Добивме задолжение од Владата да направиме анализа на целиот сектор и да најдеме решение со кое нема да се повторува оваа пракса. Неделава ќе се разгледа предлог одлуката да се алоцираат пари од буџетот. Ќе направиме анализа на целиот сектор, зошто таму долгот расте и по други основи што е сигнал дека не е добро поставен системот и не се работи економично и ќе мора да се најде решение – рече Бесими.
Освен Клинички центар, известување дека може да останат без струја добија и во МЖ. Нивниот долг е околу 6 милиони евра. Рокот за намирување на сметките е помал од две недели, а има и план на кои се точки целосно ќе биде исклучена струјата. И од Железници велат дека немаат пари и дека се надеваат дека државата ќе им даде.
Вкупниот долг за електрична енергија на јавните и државните институции надминува 40 милиони евра и оваа сума е сериозен проблем за енергетскиот сектор во време на најголемата енергетска криза. Долгови имаат и затворите, факултетите, судовите. Од 5 декември, се очекува ЕВН очекува да испрати известување за исклучување и на факултети, судови, зоолошка градина…
Инаку, според анализата на Порталб во 2019 година, фрапантни 55 отсто од долговите на државните институции и на централно и на локално ниво биле само за неплатени сметки за струја, греење, комуналии, за материјали и ситен инвентар и по основ на договорни услуги.