
Драмата продолжува! Дениз Ричардс тврди дека нејзиниот сопруг ја прекршил забраната за пристап: „Ми го нарушува мирот“
Актерката Дениз Ричардс (54) го обвини својот отуѓен сопруг, Арон Фајперс (49) за кршење на привремена забрана за пристап и за неовластен пристап до информации од нејзините лични уреди.
Препорачано
Во судските документи поднесени на 28 јули, а до кои дошло списанието „Пипл“, Ричардс бара Фајперс да го врати нејзиниот лаптоп и да му се забрани понатамошно ширење на податоците за кои таа тврди дека нелегално ги стекнал.
– Барам да ми бидат вратени сите мои мобилни телефони, фотографии и снимки, а на г-дин Фајперс да му се забрани користење, споделување, копирање, печатење или објавување на какви било пораки, е-пошта, фотографии, белешки и друга содржина од моите уреди – наведува таа во поднесокот.
Таа инсистира уредите да ѝ бидат предадени преку адвокат, од кого таа лично ќе ги подигне.
Дениз тврди дека Фајперс „постојано ја прекршувал“ забраната од 17 јули со тоа што им ги дал нејзините приватни информации на медиумите.
– Неговото однесување сериозно ми го нарушува мирот – наведува актерката во документите.
Како што е дополнително наведено, во неколку интервјуа што Фајперс неодамна ги даде, тој тврдеше дека има СМС-пораки и фотографии кои наводно докажуваат дека актерката била неверна и дека физички го злоставувала.
Адвокатот на актерката, Брет Берман, ги негираше тврдењата.
– Сите обвинувања се лажни. Г-дин Фајперс ја крши забраната со ширење информации од мобилниот телефон и лаптопот што беа украдени од г-ѓа Ричардс, рече Берман, додавајќи:
– Писмено го предупредивме да не го прави тоа, но тој продолжува со тоа однесување.
Фејперс веднаш одговори на тие обвинувања.
– Ништо не е украдено, ништо не недостасува освен, можеби, моралниот компас на г-ѓа Ричардс – рече тој.
По најновото судско поднесување, Фајперс повторно ги негираше сите обвиненија.
– Апсолутно ги отфрлам лажните тврдења дека ја прекршив забраната или дека ѝ го украдов лаптопот или телефоните. Тие обвинувања се невистинити и се користат за да се наруши мојот углед и да се одвлече вниманието од вистината – изјави тој.
Тој тврди дека всушност Ричардс му го зела телефонот без дозвола и дека таа физички го нападнала кога се обидел да го земе назад. Додава дека подоцна го нашол телефонот скршен и скриен во кеса за ѓубре.
– Тој телефон беше мој приватен имот и содржеше години лични пораки, спомени и докази за нашиот заеднички живот – тврди Фејперс.
Тој додава дека за време на бракот тие делеле сè – телефони, таблети и лаптопи и дека актерката често барала целосна транспарентност.
– Немам што да кријам. Обидите на нејзиниот правен тим да ја извртат приказната и да фабрикуваат докази се длабоко неетички и ќе имаат сериозни последици. Сè што се тврди може да се докаже како лажно. Верувам дека вистината ќе излезе на виделина – заклучи тој.
На 7 јули, Фајперс поднесе барање за развод по шест години брак, наведувајќи „непомирливи разлики“ како причина. Само десет дена подоцна, Дениз побара и доби привремена забрана за пристап, тврдејќи дека претрпела семејно насилство.
„Беше тешко“: Дениз Ричардс откри како им кажала на своите ќерки дека Чарли Шин има ХИВ