Шерил и Лијам Пејн / Фото: Wyters Alban / Abaca Press / Profimedia / Instagram

Драма за наследството: Синот на Лијам Пејн нема наскоро да добие 24 милиони фунти, Шерил Кол постави услови

Наследникот на покојниот пејач Лијам Пејн, неговиот 8-годишен син Бер, можеби нема да ги наследи неговите пари наскоро – поради можноста неговата поранешна партнерка, Шерил Кол, да го блокира, пишува „Дејли мејл“.

Поранешниот член на „Уан дајрекшн“ остави зад себе имот проценет на околу 24 милиони фунти. А, поради недостаток на тестамент, управувањето со неговиот имот го презедоа неговата поранешна партнерка Шерил и музичкиот адвокат Ричард Марк Бреј.

Според британските закони за наследување, целиот имот на Лијам оди во доверителен фонд за неговиот син Бер, а Шерил беше назначена за една од доверителите на тој фонд.

Извори за медиумите велат дека Шерил верува дека Бер прво треба да созрее пред да му даде толку многу пари. Вели дека треба да има најмалку 25 години. И можеби подоцна.

Шерил, наводно сака Бер да не добие сè одеднаш. Таа дури размислува парите да му бидат исплатени постепено во текот на неговите доцни дваесетти и триесетти години, за да го мотивираат сам да постигне нешто во животот, наместо да се потпира само на славата и милионите на неговиот татко.

Извор близок до пејачката изјави: „Шерил само сака да го заштити Бер. Таа знае дека ќе има луѓе кои ќе се обидат да му се приближат само поради пари. Таа сака тој да порасне нормално и да ја научи вредноста на напорната работа.“

Иако Шерил и Лиам се разделија како двојка, тие останаа во добри односи заради нивниот син. Лиам во едно интервју изјавил: „Бер е целиот наш свет. Иако сме разделени, сè уште имаме многу љубов еден кон друг.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот