Фото: Принтскрин

Драма во Велес: Возач удрил во полициска кола, вели дека го бркало „Ауди“ и слушнал пукање

Вистинска драма се одвивала вчера во околината на Велес, кога жител на селото Кочилари, како што тврди, бегал од непознати луѓе во автомобил „Ауди“, а кога дошол до градот, бегајќи удрил во полициски автомобил, соопшти МВР.

„На 10.03.2025 во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот дом во селото, додека се движел со неговото возило „форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, патот му бил попречен од паркирано возило „ауди“, по што со неговото возило се вратил назад, а забележал дека и возилото „ауди“ почнало да се движи по него и да го следи“, пишува во полициското соопштение.

Тој во пријавата потоа вели дека додека возел и бегал од „Аудито“, слушнал и звук за кој се посомневал дека е од огнено оружје.

„Според пријавеното, продолжил со движење на локалниот пат кон Велес и на излез од селото во неколку наврати слушнал звук за кој се посомневал дека е од огнено оружје. Додека бегал од возилото „ауди“, на улица „8 Септември“ во Велес со неговото возило удрил во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, при што била причинета само материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот