Фото: VfL Bochum 1848/X

Соиграч на македонски фудбалер колабирал на тренинг во Германија

Српскиот фудбалер од редовите на Бохум, Ерхан Масовиќ колабирал на тренингот на германскиот тим по дуел со негов соиграч, потврди клубот преку социјалните мрежи.

Масовиќ по дуелот и ударот кој го добил во градите почувствувал болки по што веднаш бил хоспитализиран и поради тоа го пропуштил натпреварот кој овој тим го одигра против Викторија Плзен во текот на вчерашниот ден.

Од клубот информираа дека ситуацијата сега е под контрола и неговата здравствена состојба е стабилна.

„Благодарение на брзата интервенција на медицинскиот тим, избегнати се потешки последици. Со помал хируршки зафат и поставување на триканален дрен, белите дробови повторно функционираат нормално. Дијагнозата не шокираше, но сега најважно е здравјето на Ерхан. Добива најдобра медицинска грижа и се надеваме дека наскоро ќе ја напушти болницата“, соопштија Бохум.

Масовиќ досега има пет настапи за српската репрезентација, последниот запишан во март минатата година. Ќе потсетиме, член на Бохум е и македонскиот дефанзивец Агон Елези.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот