Холандска полиција/ Фото: Миа

Драма во Холандија: Момче побегнало од воспитно-поправен дом, загинало во престрелка со полицијата

Млад човек кој побегнал од воспитно-поправен дом во Холандија загинал во престрелка со белгиската полиција.

Како што јави Би-Би-Си, младиот човек избегал од воспитно-поправен дом во градот Бреда на југот на Холандија, зел двајца вработени од домот и со автомобил ја преминал границата со Белгија.

Потоа ги ослободил двајцата вработени кои не биле повредени на паркингот на еден супермаркет во Белгија. Очевидци изјавија дека младиот човек потоа отворил оган кон полицијата во белгиското село Синт-Ленартс. Полицијата возвратила, а младиот човек им подлегнал на повредите.

„Возеше преку тротоарот, возеше со голема брзина во спротивна насока. Едвај успеавме да се извлечеме“, изјави еден очевидец.

Друг рече дека полицијата го следела кога со автомобил влетал во селото. а младиот човек потоа излегол од автомобилот и пукал во полицијата. Во судирот биле испукани најмалку 30 куршуми.

Не се знае многу за идентитетот на младиот човек. Поправниот дом од кој избегал е наменет за момчиња на возраст од 14 до 21 година, а максималното време што можат да го поминат таму пред да се вратат во општеството е две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!