Фото: FIBA

Драма на еден ден пред ЕП: Германскиот селектор итнo хоспитализиран!

Само ден пред почетокот на Европското првенство во кошарка, германската репрезентација се соочи со голем проблем, селекторот Алекс Мумбру заврши во болница и сигурно ќе го пропушти првиот натпревар на својата селекција против Црна Гора.

Иако сè уште нема официјални детали за здравствената состојба на шпанскиот стратег, според првичните информации станува збор за некаква инфекција, поради која Мумбру ќе биде задржан во болница во Тампере, Финска, каде Германија го игра воведниот натпревар од Евробаскетот.

Не се знае точно колку време ќе му биде потребно за закрепнување, но она што е извесно е дека кормилото на германската селекција во првиот натпревар ќе го преземе неговиот прв асистент, Алан Ибрахимагиќ.

Алекс Мумбру, поранешен шпански репрезентативец, неодамна го презеде кормилото на Германија на место на Гордон Херберт, кој сензационално ја однесе селекцијата до злато на Мундобаскетот и потоа стана селектор на Канада.

Европското првенство во кошарка започнува утре, 27 август, и ќе трае до 14 септември. Натпреварите ќе се играат во четири различни земји – Финска, Летонија, Кипар и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот