Фото: МЗТ Скопје

Драган Николиќ со суспензијата доби и отказ од МЗТ Скопје

Српскиот стратег Драган Николиќ неславно ја завршува својата епизода во МЗТ Скопје, откако не успеа да се избори за опстанок во АБА1 лигата, а сега и не се прослави со глупоста против Кожув, кога собори противнички кошаркар.

Поради тој непромислен потег, Николиќ доби суспензија од десет натпревари, како и парична казна од 48.000 денари. Со оваа казна за него сезоната завршува, но освен тоа, тој добил и отказ.

Се најавуваше дека летово може да има промени на клупата на аеродромци, а суспензијата го забрзала овој процес.

Наследник на Николиќ ќе биде младиот Васко Атанасов, кој го водеше тимот во победата против Сплит на гостински терен сезонава во АБА. Атанасов прво ќе биде назначен за привремен тренер, но доколку ја освои шампионската титула во плеј-офот, ќе остане на чело на клубот и наредната сеозна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот