Клиничка болница - Штип
Клиничка болница - Штип / Фото: МИА

Досега 15 ученици од Штип пријавиле симптоми на труење од храна

Досега петнаесет ученици од штипско средно училиште пријавиле симптоми на труење со храна, откако на големиот одмор јаделе сендвичи од киоск во близина на училиштето.

Епидемиологот во Центарот за јавно здравје – Штип, д-р Светлана Живкова, изјави за МИА дека се земени примероци од храната и брисеви од работните површини, а резултатите од лабораториските испитувања се очекуваат најдоцна до утре.

– Направивме епидемиолошко анкетирање на сите пријавени лица, извршена е едукација на вработените, дадени се предлог мерки, земени се брисови и од персоналот, а извршен е и вонреден санитарен преглед. Дополнително, земени се мостри од храната за испитување – вели Живкова.

Сендвичарницата е затворена со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кои најавија дека објектот ќе биде повторно отворен само доколку анализите потврдат безбедност. Денеска таму ќе се спроведе и дезинфекција и механичко чистење.

Мајка на едно од децата, кое заврши на Инфективното одделение во Клиничката болница – Штип, изјави дека симптомите започнале откако децата јаделе сендвич со пилешки стек и компири.

АХВ вчера соопшти дека првично пет лица пријавиле симптоми на труење, а сендвичарницата е привремено затворена додека не се добијат резултатите, со кои ќе се потврди безбедноста на објектот.

Петмина пријавиле симптоми на труење со храна, привремено затворена сендвичарница во Штип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот