Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Дописникот на „Би-би-си“ Марк Ловен протеран од Турција
Дописникот на „Би-би-си“, Марк Ловен денеска е депортиран од Турција откако претходниот ден беше уапсен во Истанбул, објави британската телевизија. Ловен ги покриваше масовните протести што избија по апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу минатата недела.
Препорачано
Тој беше уапсен во средата од турските власти додека бил во својот хотел во Истанбул. Тој бил задржан 17 часа пред да му биде врачено писмено известување за депортација, со образложение дека „претставувал закана за јавниот ред“.
„Мојот притвор и депортација од земјата во која живеев пет години и за која имам таква наклонетост беа крајно болни. Слободата на печатот и непристрасното новинарство се основни принципи за секоја демократија“, рече тој.
Веднаш реагираше Би-Би-Си, со шефицата на вести Дебора Турнес, која го опиша инцидентот како „екстремно загрижувачки“.
„Марк е многу искусен дописник со длабоко познавање на Турција и ниту еден новинар не треба да се соочи со таков третман за извршување на својата работа“, рече таа, додавајќи дека „Би-би-си“ ќе поднесе жалба до турските власти, задржувајќи ја својата посветеност за непристрасно покривање на настаните во Турција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
40мин
-
44мин
-
50мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5