Трамп со Тифани, нејзината мајка Марла и зетот Мајкл / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Иванка Трамп

Доналд Трамп објави дека неговата најмлада ќерка Тифани е бремена: Го чека првото дете со милијардерот

Доналд Трамп соопшти дека неговата помала ќерка Тифани е бремена. Ова е прво дете на 30-годишната Тифани и нејзиниот сопруг, милијардерот Мајкл Булос.

Доналд Трамп ја објавил среќната вест во Економскиот клуб во Детроит, додека држел говор на еден настан. Додека бил на сцената, тој препознал неколку луѓе во публиката, меѓу кои и свекорот на неговата ќерка Тифани, Масад Булос.

– Тој е татко на сопругот на Тифани, Мајкл, кој е многу извонреден млад човек. И таа е извонредна млада жена. И ќе има бебе. Тоа е толку убаво – рекол познатиот милијардер, инаку поранешен претседател на Америка, а сега кандидат за претстојните претседателски избори во САД, во ноември.

Тифани Трамп сè уште не проговорила јавно за својата бременост, но нејзиниот портпарол ја потврди оваа вест за магазинот „Пипл“.

Да потсетиме, Тифани и Мајкл, кој потекнуваат од многу богато либанско семејство, се венчаа во ноември на Флорида на имотот Мар-а-Лаго на семејството Трамп. Двојката е во врска од 2018 година, откако се запознале во ноќен клуб на Миконос, а се свршија во јануари 2021 година. Булос ја запросил во Белата куќа со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.

„Беше чест да се прослават многу успеси, историски прилики и да се направат спомени со моето семејство во Белата куќа. Ништо не беше толку посебно како свршувачката со мојот прекрасен Мајкл. Се чувствувам благословено и возбудена сум поради следното поглавје“, напиша тогаш Тифани на Твитер покрај нивната заедничка фотографија.

 


Тифани е дете на Доналд од вториот брак со Марла Мејлпс, а таткото и ќерката со години имале проблематичен однос и ретко се гледале. Детството го поминала во Калабасас со својата мајка, далеку од очите на јавноста.

Меѓутоа, во текот на неговата кампања на претходните избори, на кои победи Трамп, Тифани беше рамо до рамо со другите деца на Трамп и му пружи поддршка.

Дипломираше ќерката на Трамп, тој се пофали: Тоа ми требаше, адвокат во семејството

Тифани Трамп се сврши во Белата куќа, на последниот ден од мандатот на Доналд Трамп

ФОТО | Ќерката на Трамп викендов ќе се мажи за милијардер: Кој е идниот зет?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот